11.8 C
Скопје
19:24 - 17 октомври, 2026

(Фото) Вучиќ на насловна страница на „Плејбој“ сликан во 2004 година како Дионис

Српското издание на магазинот „Плејбој“ од 2004 година, во кое има интервју со Александар Вучиќ, се продава за цели 855 евра.

Интервјуто на актуелниот претседател на Србија под наслов „Урбан радикал над Белград“ се појави на страниците на едно популарно списание, а во него писателката Исидора Бјелица му поставила 20 прашања, не знаејќи дека за повеќе од 10 години тој ќе биде претседател на Србија.

Списанието сега е на продажба, а оние кои сакаат да го купат ќе мора да издвојат голема сума пари.

„Сега ова интервју за Плејбој е неверојатна надреална новинарска реткост“, се вели во описот на рекламата.

 

Вучиќ за потребите на интервјуто позираше на креветот во бела карирана кошула. Додека со едната рака држи грозје над главата како Дионис, во скутот има чинија со овошје, а во другата рака држи книга. За насловната фотографија на интервјуто е избрана онаа на која Вучиќ е насмеан. Исто така, одговорите на Вучиќ секако ја покачија цената на ова издание на Плејбој.

„Патував за Подгорица, на првиот лет наутро, тој во 5:45, ние сојузните пратеници имавме право на авионски билети, па по грешка ми дадоа билет на име на мојот сопартиец Драган Тодоровиќ. И така, љубезниот господин на пријавувањето ми рече: Супер, господине Вучиќ, сега ќе се преправам дека не ве препознав и дека сте господин Тодоровиќ, а сега дојди малку поблиску ако може“, вели Вучиќ во интервјуто.

 

 

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо
Се вчитува....