21:09 - 5 април, 2026

(Фото) Во прегратка со саканиот: Јована од „Сител“ сподели ретка слика од плажа во бикини

Една од нашите најпопуларни ТВ водителки е Јована Стојменовиќ, која секое утро им го разубавува на гледачите на ТВ „Сител“ во Утринската програма „Ја сакам Македонија“ со својата насмевка и шарм.

За приватниот живот на Јована не се знае многу, а во една прилика за „Слободен печат“, таа откри малку повеќе: „Најдобро ништо да не се знае! На крајот на краиштата нели…, „никогаш и не се знае“ како ќе се одвиваат нештата. Се шегувам, статусот ми е непроменето добар, а она што е добро, не се менува.

Она што искрено го почитувам е одлуката на еден пар да живее онака како што ним им одговара. Сите имаме некоја своја визија за партнерство и таа не треба да се темели на она што ќе го каже некој од страна, туку на она што човек го чувствува.

Гаранции нема за ништо. А она што е сигурно е дека човекот има исконска потреба да сака и да биде сакан. И да, постои вечна љубов. Кој може да ви забрани да сакате некого засекогаш?“, рече Јована.

Таа сподели една многу романтична слика од грчка плажа, со својот сакан, со кој ретко се слика, барем за јавност, а оваа фотографија сосема ги оправдува зборовите од погоре.

Фото/ Инстаграм

Слични објави

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.
Се вчитува....