8.8 C
Скопје
18:17 - 31 март, 2026

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Лепа Брена синоќа пееше на прославата на својот син Виктор по повод неговиот 28. роденден, а на славната мајка ѝ се придружи и колешката Нина Бадриќ.

За прославата беше организована тајна забава во еден познат белградски локал, а Виктор ги покани своите најблиски соработници и пријатели, како и членови на семејството и пријатели со кои славеа до раните утрински часови.

Виктор Живојиновиќ

Вистинско изненадување беше доаѓањето на хрватската поп ѕвезда Нина Бадриќ, која во еден момент го зеде микрофонот. Таа заедно со Бренa, додека седеле на маса, ја отпеа песната на Дорис Драговиќ „Мало ми за сречу треба“.

Инаку, Нина престојува во Белград поради деловни обврски, а поканата да им се придружи на гостите на прославата на роденденот на Виктор Живојиновиќ ја прифатила со задоволство.

Моментот додека пееле заедно со Бренa го забележал Јован Пантиќ, поранешниот сопруг на пејачката Марија Микиќ, кој е добар пријател на Виктор. Тој му честитал роденден преку неколку инстаграм-приказни, а во една објавил нивна заедничка фотографија со пораката „Сè знаеш“.

Слични објави

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.
Се вчитува....