5.8 C
Скопје
04:55 - 1 април, 2026

(Фото+видео) Се држеа за раце, си шепкаа на уво: Џенифер Лопез и Бен Афлек насмеани на црвениот тепих за првпат по разводот

Џенифер Лопез и Бен Афлек ја изненадија јавноста со заедничко појавување на црвениот тепих, само неколку месеци по нивниот развод. Поранешните сопружници позираа заедно во понеделник вечерта на премиерата во Њујорк на новиот филм „Kiss of the Spider Woman“, во кој 56-годишната Лопез глуми, а 53-годишниот Афлек е извршен продуцент, пренесува „Дејли мејл“.

За оваа пригода, Лопез одбра впечатлива скулптурална облека од дизајнерката Харис Рид, чиј корсет наликуваше на пајакова мрежа, од колекцијата пролет 2026. Афлек се одлучи за класична елеганција, носејќи темно сино одело и бела кошула.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by E! News (@enews)

Иако го финализираа разводот во јануари оваа година, само 20 недели откако пејачот поднесе барање за развод, двојката изгледаше многу срдечно на настанот. Афлек беше полн со пофалби за својата поранешна сопруга и режисер Бил Кондон. За време на воведот на филмот, Афлек ја нарече Лопез „неверојатна“ и го пофали режисерот за „неверојатната работа“.

„Мојата цел беше да ги охрабрам големите уметници, да раскажам трогателни приказни, да обезбедам одлични можности тие големи приказни да бидат раскажани и да се работи со најдобрите режисери во светот со најдобриот материјал“, рече Афлек, чија продуцентска компанија „Artist Equity“, која ја води со Мет Дејмон, е ко-продуцент на филмот. „Во овој филм, го направивме сето тоа и ни е чест да бидеме тука.“

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....