08:25 - 16 ноември, 2026

(ФОТО+ВИДЕО) ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША ВО РОЗОВО ОД ГЛАВА ДО ПЕТИ: Донатела Версаче е мојата маќеа

јелена карлеуша

Поп ѕвездата Јелена Карлеуша деновиве повторно ги „распали“ социјалните мрежи објавувајќи секси фотографии од Дубаи каде ужива веќе неколку дена. Ѕвездата со нејзината последна објава го привлече вниманието на многумина, позирајќи од глава до пети облечена во „Версаче“.

Јелена позираше од глава до пети во розова комбинација на облека, фустан, чорапи и чевли со огромна потпетица кои чинат вртоглави 1.000 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Пејачката стајлингот го комплетирала со златен накит од „Версаче“, огромен ѓердан и прстен, а носеше нараквица од познатата куќа „Картие“.

„Освојувајќи го Дубаи. Инаку, Донатела ми е маќеа“, се пошегува Карлеуша во описот на видеото кое го објави.

Карлеуша самоуверено ги поздрави своите обожаватели од фоајето на хотелот во кој престојува во Дубаи, а позирајќи во најразлични пози.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Јелена ѝ се обрати на познатата дизајнерка Донатела Версаче, но и се пошегува.

„Здраво, Донатела, ова го имаше на ум?“, напиша Јелена со фотографиите, во нејзин стил обраќајќи ѝ на познатата дизајнерка.

Слични објави

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.
Се вчитува....