08:41 - 7 ноември, 2026

Весел 10. роденден на Хана, Тамара Тодевска сподели детали

Тамара Тодевска имаше посебна причина за славење – нејзината прва радост, ќерката Хана, го прослави својот 10-ти роденден.

Тамара одлучи на Хана да ѝ организира авантура на отворено, избирајќи ја популарната игра ласер таг.  На сликите кои Тамара ги сподели на своите социјални мрежи, се гледа дека Хана и нејзините бројни другарчиња уживале во „борбената“ атмосфера. Опремени со заштитни кациги и ласерски пушки, децата позираа под ведро небо, подготвени за акција.

Централно место на прославата зазеде прекрасната розева роденденска торта, украсена со бројот „10“.

Покрај другарчињата, тука беше и помалиот брат на Хана, Дарен, кој заедно со останатите деца учествуваше во моментот на дување на свеќите. Декорацијата беше надополнета со големи златни балони во форма на бројот 10, кои совршено се вклопија во амбиентот на отворено.

На Хана, на нејзината инстаграм-приказна, роденден ѝ честиташе и тетка ѝ Тијана Дапчевиќ, споделувајќи заедничка слика.

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....