09:14 - 12 ноември, 2026

(Фото) Васил Гарванлиев сподели специјална приказна за сопругот од Америка

Пејачот Васил Гарванлиев сподели посебна прииказна од Америка со својот сопруг и со мајка си која го посети од Струмица.

Поводот е неговиот роденден, па Васил објави фотографии како го прославил, со сопругот Џејсон, со мајка си Јулијана и со милениците.

„Ова беше неверојатна година полна со љубов, семејство, избрано семејство, стари и нови пријатели, неверојатни настапи и посебни спомени. Ви благодарам на сите за пораките, повиците, објавите. Многу ми значи. Ве сакам сите и сум многу возбуден за она што нè очекува оваа година“, напиша Васил на Фејсбук.

– Се запознавме на Тиндер. Почнавме разговор и потоа договоривме средба. Дојде да ме земе, од студио, и јас се „изглупирав“ на првата средба. Мислев дека прозорецот од колата му е отворен, а тој бил спуштен, и јас кога се доближив да го поздравам, го лижнав прозорецот.

Ете, тоа сум јас. Се одвиваше многу спонтано. Клише е ако кажам, знаев од почетокот, и двајцата знаевме. Си реков: „Дојдов во Америка на кратко“, но ова ќе ми промени сѐ “, рече Васил за „Еспресо“ претходно за неговиот сопруг кој е невропсихијатар.

Тој вели дека за среќа, во Америка засега живее само од музика, иако за него на почетокот било многу тешко. Откако го сретнал Џејсон, тој решил да ги остави сите ангажмани во Европа, и не смеел да настапува повеќе од една година. Гарванлиев и официјално стапи во брак со својот избраник во 2022 година.

Слични објави

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо
Се вчитува....