Шокантна разлика помеѓу сцената и реалноста – фановите во неверување по последната фотографија на бугарската ѕвезда.
Фотографија од балканската фолк-ѕвезда Преслава во сосема природно издание, без грам шминка, стана вирална на социјалните мрежи и предизвика лавина од коментари. Наместо гламурот на кој се навикнати нејзините обожаватели од спотовите и настапите, овојпат пејачката покажа лице кое изгледа видно исцрпено, со бледа нијанса и без вообичаената свежина, а фотографијата можете да ја погледнете ТУКА.
„Ефектот Мајкл Џексон“
Сепак, она што најмногу ги „боде очите“ на фановите е нејзиниот нос. Темата за нејзината ринопластика од 2019 година повторно стана актуелна, откако на оваа фотографија носот изгледа уште поизразено и нетипично. Недостатокот на професионално осветлување и контурирање со шминка го направи ефектот толку остар, што многумина на социјалните мрежи почнаа да влечат паралели со екстремните естетски корекции на светските ѕвезди.
„Носот ѝ е моделиран како кај Мајкл Џексон“, е еден од најчестите коментари кои се шират на интернет просторот.
Реалност наспроти филтри
Познато е дека Преслава во секојдневниот живот ретко користи дигитални филтри и никогаш не криела дека направила неколку корекции – вклучувајќи го намалувањето на градите од здравствени причини и операцијата на носот. Но, оваа снимка открива колку всушност е голема разликата помеѓу сценската илузија и вистинскиот изглед.
Вистината е едноставна: со многу професионална шминка и соодветна обработка, секој изглед може да се дотера до совршенство. Меѓутоа, кога сето тоа ќе се тргне, ефектот е… сосема поинаков.
