03:02 - 7 април, 2026

(Фото) Вака изгледа домот на Маја и Дарко Панчеви, вистинска летна идила

Маја Гроздановска- Панчева важи за една од најубавите жени на македонската естрада. Иако подолго време нема снимено авторска песна, таа е присутна во музиката, како вработена во хорот на Националната опера и балет.

Маја е сопруга на Дарко Панчев, нашата златна „деветка“, легендарниот фудбалер и имаат две ќерки,. Надица  и Марија. Во многу наврати, споделувајќи слики од своите наследнички, Маја покажа дека тие ја наследиле нејзината убавина.

Семејството Панчеви (Фото: Приватна архива)

Во една прилика, за „Слободен печат“, таа раскажа како ѝ поминува секојдневието. „Вообичаено сум ранобудник. Обично станувам околу 6:30 часот и денот го започнувам со вежбање јога, а потоа се подготвувам за останатите активности“.

Исто така, Маја откри и како ја одржува фит линијата: „Во принцип мојот појадок се состои од една чаша природен сок, кој си го приготвувам навечер пред спиење и со него консумирам јаткасти плодови“.

Неодамна, Маја сподели слики од заедничкиот одмор со семејството, на грчка плажа, а на сликите се таа и ќерките. А сега, ни дозволи на ѕирнеме во убавиот дом на семејствот Панчеви. Базен во дворот, коктели со кои се разладува со ќерките кои се означени на сликата, вистинско летно семејно уживање.

Фото: Инстаграм

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....