12.8 C
Скопје
17:54 - 17 октомври, 2026

(Фото) Убава на мајка ѝ, Вера Мештеровиќ ја покажа ќерката по долго време

Во вистинска убавица израснала ќерката на Вера Мештеровиќ, која многу наликува на својата мајка и од неа ја има наследено убавината.

Вера Мештеровиќ, Мис на Македонија за 2006 година и една од водителките на Утринската програма на Канал 5 Тв, објави слика со ќерка ѝ која наскоро ќе наполни 14 години. Нејзиниот син Андреј годинава ќе наполни 16 години.

Фото/Инстаграм

-И двајцата се во пубертет, тинејџери. Зборуваме на сите теми, секако дека сме блиски, а јас се повлеков од работата за да ги изгледам кога беа мали, па потоа се вратив на работни обврски.

Да, честопати знаат да кажат „леле, мамо, сите те знаат, те гледаат“, особено кога некој ќе ми пријде и сака да се слика со мене. Тие, пак, не сакаат многу да се сликаат, а и јас тој дел си го чувам интимен за нас, па ретко споделувам заеднички фотографии-рече Вера Мештеровиќ во едно интервју за „Слободен печат“.

-Едно одамна минато свршено време. Со децата помина сè во ред, без некои претешки моменти и сум многу среќна поради тоа, бидејќи во процесот тоа ми беше најмногу важно како ќе се одрази тоа на нив. Различно и индивидуално е, но она што е најважно е здрава, позитивна атмосфера за живот на децата, па ако тоа значи разделба, за мене е исправно и јас така постапив- рече таа за разводот со фудбалерот Игор Кралевски.

Слични објави

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.
Се вчитува....