7.8 C
Скопје
22:32 - 1 април, 2026

(Фото) Трамп го исмева Бајден оти седел дури во 14-от ред на погребот на кралицата

Да бев јас претседател, ќе ме ставеа на прво место. Ова ѝ се случува на Америка за само две кратки години. Нема почит!.

Вака реагираше поранешниот американски претседател на САД Доналд Трамп на неговата социјална мрежаTruth Social на која го коментираше тоа дека претседателот Џо Бајден седел во 14. ред на погребот на кралицата Елизабета Втора, потсмеваќи се дека бил опкружен со лидери на „земји од третиот свет“.

Трамп на Truth Social објави фотографија со црвена стрелка кон Бајден. Трамп вели дека распоредот на седиштата е показател за рејтингот на САД, кој, според него, е намален откако Бајден е претседател.

Сепак, протоколот предвидува претставниците на земјите од Комонвелтот да седат пред останатите шефови на држави. САД не е во подрачјето на британскиот Комонвелт. Така, на пример, канадскиот премиер Џастин Трудо се најде девет реда пред американскиот претседател.

„Ова е добра можност актуелниот претседател подобро да се запознае со некои лидери на земји од третиот свет. Во недвижностите, како и во политиката и животот, местото е сè!“, вели Трамп.

Џо Бајден и првата дама Џил седнаа до претседателот на Швајцарија, пред нив беше претседателот на Полска, а зад нив премиерот на Чешка. Кинескиот претставник беше во ист ред со Бајден.

 

 

Слични објави

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.
Се вчитува....