04:56 - 7 ноември, 2026

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија од кревет: Без грам шминка, пие кафе и порача…

Српската пејачка Теа Таировиќ ги изненади своите следбеници и обожаватели објавувајќи фотографија од својот кревет која е направена непосредно пред еден од настапите, откривајќи како течат подготовките за излегување на сцената.

Теа Таировиќ неодамна одржа концерт на младинскиот стадион во Пирот, а сега ги шокираше и изненади сите свои обожаватели и следбеници на социјалните мрежи, кога објави серија фотографии, меѓу кои и фотографија на која нема ниту грам шминка.

Теа сакала да им покаже на своите следбеници како течат нејзините подготовки пред настапот, па така серијата започнала со фотографија од кревет без шминка, по што следела целосна трансформација.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

Теа по оваа, објави фотографија на која има виткана коса, а особено се истакнале горниот и долниот дел од костимот, кој во преден план ја истакнал нејзината вита фигура, за која води сметка, со оглед на тоа што е познато дека Теа редовно тренира. Исто така, во оваа серија фотографии објавила и снимка од настапот, која покажува по што е позната пејачката, а тоа е танцувањето.

– 17:00 – втора фотографија – јас ги полнам батериите за да „кршам“ во 01:00 во клубот. 01:00 – трето видео – „кршам“. Недостасува фотографијата во 08:00 од аеродромот каде што се распаѓам – напишала Теа со емотикони во форма на насмевка.

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....