14:11 - 5 септември, 2026

Бони Тајлер се разбуди од кома, но сè уште е тешко болна, вели нејзиниот менаџер

Британската рок-легенда Бони Тајлер (75) се разбудила од кома, соопштил менаџментот на пејачката за германски „BILD“.

Сепак, нејзината состојба сè уште е сериозна и таа се наоѓа на интензивна нега во болница во португалскиот град Фаро.

– Бони веќе не е во кома, но сè уште е тешко болна. Иако нејзината состојба се подобрува, процесот на опоравување оди бавно. Лекарите сè уште се оптимисти и веруваат дека успешно ќе закрепне, но за тоа ќе биде потребно време – истакнале тие.

Здравствените проблеми влијаеле и врз нејзиниот концертен распоред. Менаџментот бил принуден да ги откаже или одложи сите преостанати настапи во текот на летото, односно сите планирани концерти до крајот на август.

Тимот на пејачката верува дека Бони Тајлер би можела да се врати на сцена веќе наесен.

– Во моментов веруваме дека есенските концерти ќе се одржат според планот – се наведува во соопштението.

Бони Тајлер го претставуваше Обединетото Кралство на Евровизија 2013, каде што го освои 19. место со песната Believe In Me.

Легендата на осумдесеттите претходно оваа година призна дека редовно прима ботокс-инјекции, но нагласи:

„За моите години сум во одлична форма, фала му на Бога. И никогаш нема да се пензионирам. Го гледам Том Џонс. Тој е неверојатен. Гласот му е силен како и секогаш — а е десет години постар од мене.“

Во разговор за „Mirror“ минатата година, таа изјави:

„Почнав да пеам кога имав 17 години и никогаш не мислев дека и понатаму ќе го правам тоа на овие години. Малку забавив, но сега знам дека никогаш нема да се пензионирам.“

 

Иконата на осумдесеттите, Бони Тајлер е приклучена на респиратор откако состојбата нагло ѝ се влошила по операција на цревата

Слични објави

Лепа Брена: „Во прво одделение се тепав со едно момче, не ми се допаѓаше таа дискриминација“

E.A.

(Фото) Сека Алексиќ го покажа Вељко избричен и потстрижен — следбениците изненадени од неговиот нов изглед

E.A.

Андрија Милошевиќ сурово се пошегува на сметка на Д-р Иги — „горат“ социјалните мрежи

E.A.

Кога позира во костим за капење изгледа како манекенка – ова е тајната на витката фигура на Верица Ракочевиќ на 78 години

Еспресо

(Видео) Сопругата на Петар Грашо покажа како спрема нова песна – синчето Тони беше во нејзиниот скут

Еспресо

Шабан Шаулиќ направил тестамент три месеци пред трагедијата – еве на кого му оставил милиони и недвижен имот

Еспресо
Се вчитува....