16:02 - 4 април, 2026

(Фото) Тања Савиќ итно го прекина настапот: Наплив на емоции упатени за Мухамед

Пејачката Тања Савиќ ужива во врската со пилотот Мухамед Бешиќ и не крие дека никогаш во животот не била посреќна, а нејзиниот најнов потег ги воодушеви сите.

Тања неодамна го прекина настапот за да му честита роденден на саканиот и тоа со многу емотивни зборови, пренесува српски „Пинк“.

„Сакам да честитам роденден на една моја многу драга личност. Не знам дали таа моја драга личност е тука вечерва. Моето момче вечерва слави роденден, му посакувам се најдобро. Тука е тој, но мислам дека отиде зад сцената. Љубов моја, ти посакувам се најдобро. Нека те следи среќа“, рекла Тања, а нејзиното момче видеото го сподели на Инстаграм со емотивни зборови.

принтскрин

„Љубов моја, ти благодарам на се. Ти си мојата среќа и твојата насмевка е мојот најголем подарок“, напиша Мухамед.

Но тука не беше крајот. Тања после настапот му подготви на саканиот уште едно изненадување што него го остави без текст.

И таа среќа, тој самиот ја сподели на Инстаграм.

„Мојата љубов и нејзините спонтани изненадувања“, напиша Мухамед.

принтскрин

Да потсетиме, Мухамед по професија е пилот, родум е од Босна и Херцеговина, но долги години живее и работи во Америка.

Фото: Инстаграм/Тања Савиќ

Тој е 11 години е помлад од Тања, а љубовта меѓу нив се роди минатата година, што Тања го потврди во едно од интервјуата кога призна дека е исполнета и среќна.

Слични објави

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо
Се вчитува....