18:38 - 4 ноември, 2026

(Фото) Тајзи и Ангела очекуваат бебе: „Наскоро ќе станеме родители“

Македонскиот рапер Драган Величковски – Тајзи има голема причина за славење. Музичарот денеска откри дека тој и неговата свршеница Ангела Анчевска го очекуваат своето прво дете.

Среќната вест ја сподели на социјалните мрежи преку неколку емотивни фотографии направени во Охрид. На нив, идните родители позираат прегрнати, додека во рацете држат снимка од ехо-преглед и бебешки чорапчиња со натпис „mum“ и „dad“.

„Господ нè благослови со најубавиот подарок. Наскоро ќе станеме родители“, напиша Тајзи покрај објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by T Y Z E E (@tyzee_tajzi)

Фотографиите за кратко време собраа голем број лајкови и честитки од неговите следбеници, колеги и пријатели, кои не ја криеја радоста поради убавата вест.

Ова е уште еден важен животен момент за парот, кој во февруари годинава ја круниса својата љубов со свршувачка. На Денот на вљубените, Тајзи организираше романтично запросување во Охрид и клекна на едно колено пред својата избраничка Ангела Анчевска.

„Знаев дека си ти. Секогаш ти. Две души, една иднина…“, напиша тогаш раперот.

Ангела е позната и во модните кругови во Македонија. Таа има работено како модел, настапувала на бројни ревии и учествувала на меѓународни избори за убавина.

Само неколку месеци по свршувачката, парот сподели уште една причина за радост – наскоро нивното семејство ќе стане побогато за уште еден член.

Слични објави

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо
Се вчитува....