5.8 C
Скопје
05:37 - 1 април, 2026

(Фото) Супермоделот Кристи Бринкли се соочува со рак на кожа: „Користете заштитен фактор за сонце“

Супермоделот Кристи Бринкли, која неодамна наполни 70 години, на Инстаграм откри дека ѝ бил дијагностициран рак на кожата и дека била оперирана.

Манекенката од „Спортс илустрејтид“ откри дека ѝ бил дијагностициран карцином на базалните клетки (вид на немеланомски рак на кожата): Бринкли побарала од докторот „да ја погледне малата точка на нејзиното лице“ кога ја однела ќерка си на лекар. „Погледна, и веднаш знаеше дека му треба биопсија. И веднаш го направи тоа”, рече таа.

инстаграм
инстаграм

„Добрата вест: рано го идентификувавме карцином на базалните клетки. И имав прекрасни лекари кои го отстранија ракот и ја сошија лузната „couture“, како во Диор“, истакна таа и повика на задолжително тестирање за откривање на болеста во рана фаза.

Бринкли истакна дека сега ќе користи заштитен фактор 30 секогаш кога ќе излезе од дома, а ќе носи и шапка со широк обод и долги ракави.

принтскрин, инстаграм

Бринкли претходно зборуваше во интервју за нејзиниот став кон промените поврзани со возраста. Според нејзините зборови, порано користела ботокс, но сега се труди да старее што поприродно.

“Подготвена сум да прифатам одредени брчки – така му приоѓам на стареењето. Понекогаш кога луѓето стареат и премногу се трудат да сочуваат младешки изглед, може да изгледаат восочно и вештачки. Но, сакам моето лице да покажува малку од мојот живот“ – признала Бринкли и додала дека во нејзината грижа за себе се фокусирала да изгледа што е можно подобро, а притоа да старее природно.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....