8.8 C
Скопје
00:09 - 20 февруари, 2026

(ФОТО СТОРИЈА) ВО СЕЛО НОВАЦИ, ВО ЦВЕТНИОТ РАЈ НА ТОМЕ: Сложно семејство, двор гради!

Денес разговараме со Томе Раденковиќ, сметководител по машинство во РЕК Битола. Со одгледување на цвеќиња се занимава многу одамна. Одговорен е за уредување на прекрасниот двор, се разбира, заедно со неговата сопруга, синот и снашката, кој се простира на околу 250 метри, во село Новаци, едно од најголемите села во Битолско и Битолското Поле.

Слогата во семејството се отсликува на убавината на дворот – секоја рака си има свој посебен придонес.

– Оваа убавина си бара време, секое цвеќе си бара посебни услови. Цвеќето е исто како нас, луѓето, и тие сакаат храна, вода, сонце, а исто така сакаат и заштита од болести и инсекти – ни објаснува Томе, откривајќи ни дека секое цвеќе му е омилено, дека секое цвеќе дворот го краси со посебна убавина.

Се согласуваме со Томе дека зимата е најголем проблем за цвеќињата. Вели, многу е тешко сите цвеќиња, кои се во огромен број, да се заштитат во текот на студените денови.

А, на крајот стигнуваме до советот кој нашиот соговорник го дава на оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со нега и одгледување на цвеќе.

– Тој што сака цвеќиња, ги сака и луѓето! – низ насмевка ни порачува Томе – Не е важно со кое цвеќе ќе започнат, важно е да започнат!

И искрено додава дека не може да си го замисли животот без цвеќе.

Инаку, Томе е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

(ФОТО СТОРИЈА) ЦВЕТНИ ВОЈНИЦИ ВО КОЧАНИ: Совршената симетрија во дворот на Николина е вистинско задоволство за очите и за душата!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....