13:52 - 27 ноември, 2026

(Фото) Станија покажа како ужива со новото момче на Бахамите: По Асмин – повторно блеска!

Старлетата Станија Добројевиќ деновиве престојува на Бахамите, од каде редовно споделува фотографии и видеа со своите следбеници.

На егзотичната дестинација таа не е сама, туку ужива во друштво на нов партнер, за кого се шпекулира дека е многу богат бизнисмен. Таа на Инстаграм објави моменти од нивното заедничко време, покажувајќи како ги поминуваат деновите покрај море.

Станија беше снимена како трча по плажа во патики и спортска облека, а на многумина им привлече внимание нејзиниот изглед и одличната форма. Дел од следбениците забележаа и дека под тренерката не носела градник.

Претходно сподели и идилични сцени од одморот, па според коментарите на социјалните мрежи, многумина посакале да се најдат на нејзино место.

Според добро информиран извор, таа неодамна започнала врска со маж кој е пет години постар од неа, сопственик на синџир хотели и на повеќе недвижности низ Америка. При запознавањето, наводно ѝ кажал дека сака сериозна врска и брак. Иако на почетокот барал од неа да ја смени верата, тоа повеќе не било тема – најважно му било да биде покрај неа.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....