13:41 - 2 април, 2026

(Фото) Средба на принцот Вилијам со Тејлор Свифт: „Кошмар зад сцената“, еве ги деталите

Медиумите објавија селфи на американската пејачка Тејлор Свифт со принцот Вилијам и неговите деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

На официјалниот инстаграм-профил на принцот и принцезата од Велс се појави селфи направено со популарната пејачка. Сепак, како што пишува „Хелоу“ (Hello), задкулисната средба за малку ќе пропаднела.

Идниот монарх присуствуваше на еден од двата големи концерти на Тејлор на стадионот Вембли пред нејзиниот 42-ри роденден. 25 минути пред да излезе на сцената, пејачката се сретнала со членовите на кралското семејство зад сцената.

Според извори блиски до организаторите, доаѓањето на принцот од Велс не поминало целосно според планот.

„Доживеаа кошмар да влезат внатре, навистина доцнеа, но планираа да пристигнат порано за да се сретнат со Тејлор пред концертот, бидејќи планираа и да си заминат порано. Имаа само 25 минути, па брзо се сретнаа и се поздравија, а потоа отидоа до нивните места во ложата пред настапот на Свифт и тоа предизвика малку стрес и паника бидејќи одземаше толку многу време за организацијата“, вели изворот.

Тејлор била видно возбудена што ќе ги запознае членовите на кралското семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

За време на настапот, принцот Вилијам активно танцувал на песните на Свифт заедно со неговите деца – Џорџ и Шарлот целосно уживале во шоуто.

„Поголемиот дел од времето тој и децата беа подалеку од трибините, така што не привлекуваа премногу внимание, но имаше моменти кога фановите на пејачката ги вртеа главите кон нив и го засенуваа нејзиниот настап“, додава изворот.

 

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....