13:32 - 13 ноември, 2026

(Фото) Специјално изненадување од Слаткар за Каролина во Битола: „Златен си!“

Слаткаристика ѝ приреди специјално изненадување на Каролина Гочева во нејзината родна Битола.

Таа беше во публиката на неговиот настап во клубот „Голд Фелиција“. Кога забележал дека Каролина е меѓу гостите, Слаткар на посебен начин ѝ покажа колку ја цени, па ја пушти нејзината песна „Крај“.

„Големата Каролина Гочева ми беше на концерт“, напиша Слаткаристика на снимката од моментот што ја објави на социјалните мрежи.
Каролина потоа ја сподели објавата и јавно му се заблагодари за изненадувањето.

„Фала ти Марко на ова изненадување, златен си и голем! Те сакам“, напиша Гочева.

На видеото беше испишана и пораката: „Морав да ѝ покажам колку ја ценам, почитувам и сакам“, а Слаткаристика повторно ја сподели објавата на Каролина, додавајќи три црвени срца.

Настапот во Битола доаѓа неполни три недели по големиот концерт „Слаткаристика и пријателите“, кој раперот го одржа на Илинден, 2 август, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, во организација на „Прагма продукција“. Со концертот Слаткаристика одбележа 20 години кариера, а на сцената му се придружија Калиопи, Тони Зен, „Некст Тајм“, Пајак, „Дупер“, Тајзи, Зи Бомб, Цоби, Криско и други музички гости.

Еден од најемотивните моменти на илинденскиот концерт беше појавувањето на неговиот син Моша. Таткото и синот заедно ја испеаја „Насмевка“, песната што Слаткаристика му ја посвети на Моша.

Посебен момент имаше и за неговата сопруга Сања Николиќ. Додека ја изведуваше песната „Кажи да“, Слаткаристика отиде зад сцената кај Сања, која ја изненади со бакнеж.

Слаткаристика деновиве повторно се потсети на тој момент и на социјалните мрежи го сподели бакнежот со Сања од концертот во Охрид, честитајќи ѝ го роденденот на Сања.

Двојката е во брак од 2014 година и го има синот Моша, а Сања, иако во последните години ретко се појавува во јавноста, беше покрај сопругот на еден од најважните концерти во неговата кариера.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....