Поранешниот сопруг на пејачката Емина Јаховиќ, познатиот турски пејач Мустафа Сандал синоќа објави фотографија на Инстаграм на која е со својата сопруга Мелис Сандал Сутшуруп.
– Нашето дело под назив „Џејмс Бонд и неговата девојка“ – напишал покрај фотографијата, а обожавателите од Турција не кријат колку ја поддржуваат познатата двојка.
View this post on Instagram
Мустафа Сандал (56) позирал во класичен смокинг, сличен на оној што го носеше познатиот акционен херој од филмското платно Џејмс Бонд. Неговата сопруга носела фустан со едноставен крој, но необичното деколте врамено со златни детали го претворило нејзиното модно издание во попредизвикувачки стајлинг.
Двојката Сандал е во брак од јуни 2022 година. Нивната свадба чинеше околу 200.000 евра.
Прво склучиле граѓански брак на 3 јуни 2022 година, во Турската амбасада во Рим, во кругот на најблиското семејство и кумовите. Една недела подоцна, се одржала прослава за околу 80 избрани гости, а се славело три дена, во луксузен хотел во турското одморалиште Мармарис. Младенците обезбедиле сместување и авионски превоз за сите гости.
View this post on Instagram
Свадбемата прослава ја започнале со „грчка вечер“ во хотелскиот ресторан, следниот ден се одржала неформална венчавка во градината на хотелот, а за третиот ден избрале забава на плажа.
Мелис носела краток фустан на венчавката, што на многумина не им се допаднало, па затоа била критикувана. Но, тоа е сигурно едно од нејзините омилени модни публикации.
View this post on Instagram
Интересно е што Мустафа, кој има пилотска дозвола, земал дополнителни часови по летање непосредно пред венчавката за да може да го управува хеликоптерот и да ја однесе сопругата на неколку егзотични дестинации во текот на нивниот меден месец.
Денес, тие оставаат впечаток на многу хармоничен пар, а зад себе имаа и една разделба што се случи во 2019 година.
„За мене, врската со Мелис беше прекрасно искуство и квалитетно поминато време. Од почит кон неа како сопруга и мајка, никогаш нема да чуете ниту еден лош збор за неа од мене“, рекол пејачот во тоа време откако неговата сопруга јавно го нападна.
Турските медиуми често се сеќаваат на нејзината изјава од тој период: „Дознав нешто за Мустафа што целосно ми го преврте стомакот. Тој е човек кој има тајни, не е она што се претставува и нашиот брак би бил голема грешка.“
Меѓутоа, времето покажало дека ова не станува збор за никаква грешка.
„Мелис е моја сопатничка и моја судбина“, рекол познатиот Турчин.
По помирувањето, познатиот пар влезе во љубовна идила. Мустафа постојано нагласуваше јавно дека со Мелис пронашол мир и нова животна енергија, како и дека еден во друг пронашле идеални партнери за нивните постари години.
Пејачот го сподели и овој интимен детаљ од својот живот со јавноста. Тој откри дека страда од трихотиломанија, односно компулсивно влечење на сопствената коса во моменти на стрес, и јавно ја пофали Мелис дека, заедно со неговата мајка, прва ги забележала неговите кризи и му пружила најголема психолошка поддршка.
Многу зборува за неговиот брак тоа што Мустафа со љубов го прифатил синот на Мелис Сандал, Џигит, кого го добила во првиот брак.
За потсетување, турскиот пејач Мустафа Сандал беше во брак со Емина Јаховиќ, со која ги има синовите Јаман и Јавуз.
Мелис Сандал е модна инфлуенсерка, сопственичка на бутик, а управува и со одредени сегменти од семејните компании кои се занимаваат со недвижности и инвестиции. Нејзиниот татко е Џихан Сутшуруп, многу влијателен турски претприемач.
Како што пишуваа медиумите во Турција, тој им дал свадбени подароци вредни милиони на својата ќерка и зет и учествувал во финансирањето на тридневна свадба во Мармарис. Мустафа има одличен однос со него, со кого соработува во бизнисот.
