10:27 - 13 ноември, 2026

(Фото) Некои грешки со задоволство би ги повторил пак: Драган Спасов-Дац откри што би му кажал на младиот Дац

Лична и инспративна приказна за својот живот, сподели актерот Драган Спасов-Дац.

Дац објави интересна фотомонтажа на која се прегрнува со својата помлада верзија, од времето кога имал дваесетина години. Фотографијата ја сподели со емотивен статус во кој замислува што би му кажал денешниот Дац на младиот Дац доколку има можност да се сретне со него.

Во пораката тој зборува за грешките, животните лекции, љубовта и потребата секој миг да се живее со полни гради.

„Како би се обратил постариот ЈАС на помладиот ЈАС. Ако би било можно…
Млад мој Дац,

Застани за момент и послушај ме. Ова ти го зборува човекот кој станав благодарение на сè она што ти допрва ќе го поминеш.

Секако дека би сакал да те осоколам и да те предупредам за некои мои грешки. Не беа тоа кобни падови што целосно го менуваат текот на животот, но сепак беа доволни за да го поместат во некоја нова насока. Насока која, верувај ми, со тек на време ќе научиш како да ја исправиш. На грешките се учи, момче мое. Така се кали човекот. И знаеш што? Сосема искрено ти признавам, некои од тие грешки со задоволство би ги повторил пак! Каков е тој човек што не направил ниту една утка во животот? Дали воопшто постои таков? Совршенството е досадно, а лузните се доказ дека си живеел.

Мојот живот е само мој, но и на оние кои се во секој момент покрај мене. Нашата мисија е едноставна: на сите да ни биде убаво. И денес, од оваа временска дистанца, со гордост ти кажувам дека тоа е навистина така. Мислам дека успеавме.

Затоа, мал мој Дац, терај го животот со крената глава! Диши со цела сила, со најполни гради и грабај го секој миг како да е последен. Не дозволувај деновите да ти поминат онака, неми во минливоста, како воопшто да не си бил тука. Остави трага. Сакај, греши, поправај и живеј ја секоја секунда со целото свое срце!

Постариот Дац“, напиша актерот и додаде дека фотографијата е монтажа од него денес и од времето кога имал дваесетина години.

Драган Спасов-Дац е еден од најпознатите македонски актери, со долгогодишна кариера во театарот, филмот и телевизијата. Покрај актерството, во последните години е особено активен и на музичката сцена, најмногу преку соработката со музичарот Александар Митевски. Дуото Дац и Александар настапува со македонски и регионални евергрини и со свои песни, а нивните концерти се препознатливи по непосредната комуникација со публиката.

Дац е татко на два сина, Јаков и Стефан. Јаков Спасов тргна по неговите стапки и е актер.
Во последните години актерот ужива и во улогата на дедо. Неговиот син Јаков и снаата Софија во март 2023 година ја добија ќерката Гаиа. Во мај 2025 година семејството се зголеми за уште еден член, кога се роди нивната втора ќерка Зои.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....