16:00 - 10 ноември, 2026

(Фото) Спасен се врати во родното кичевско село, ова е причината

„Пред да прашаат дали сме слободни за нивниот термин и која е цената со која настапуваме, за жал поставуваат едно друго прашање кое јас никако низ годиниве неможам да го разберам. А тоа е : ДАЛИ ПЕЕТЕ СРПСКА МУЗИКА?“, рече во еден свој постар статус на Фејсбук фолк пејачот Спаен Силјановски.

„Одеднаш си помислувам дека сигурно некој се јавува од Србија. Зарем таму малку ли ги има пејачи кои одлично си ја пејат нивната музика. Значи погрешно сум мислел, не се од таму.

Второ што се прашувам е зошто на луѓето кои ќе прават веселба им е приоритет пред се да изнајмат музика која што МОРА во нивниот репертоар да има српски мелос, и тоа го бараат во најголем дел од веселбата( има региони во Мк каде што на свадбите се пее дури 70-80 % Странска музика), а при тоа имаме неисцрпливо богатство на наша Македонска музика, како народна така и новокомпонирана музика на која цел свет ни завидува и ни ја присвојува.

Ок да не бидам премногу метафоричен ке бидам малку директен и искрен. Јас како музичар, инструменталист, вокален изведувач и кантавтор АПСОЛУТНО немам против никаков вид ниту жанрн на музика“, рече Силјановски.

„Јас покрај нашата Македонската сум израснат слушајќи буквално секаков вид на музика, И Србска, Босанска, Бугарска, Албанска, Романска, Ерменска, Ирска“, додаде пеачот.

Со новата слика, Спасен покажа дека се вратил во родното Кичевско село, Пополжани, па објавил слика на која напишал „Пополжанска, домашно производство“ . На сликата, тој вари домашна ракија, а во коментар, пријателите му бараат да проба.

Спасен Силјановски пече ракија во родното село Фото/ Фејсбук

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....