7.6 C
Скопје
11:31 - 19 февруари, 2026

(Фото) Сосема различна од Меланија Трамп: Убавата сопруга на Рон ДеСантис е махерка за справување со катастрофи, а го победила и ракот

Ако е вистина дека зад секој успешен маж секогаш стоу (по)успешна жена, тоа е сличајот со Кејси ДеСантис (44), мајка на три деца, жена која преживела рак на дојка, сопруга на новата суперѕвезда на Републиканската партија, Рон ДеСантис, штотуку реизбран за гувернер на Флорида.

На крајот на септември, утрото откако ураганот Иан ја погоди Флорида, гувернерот Рон ДеСантис сакаше да ѝ даде доволно простор на својата сопруга, која дотогаш не се појавуваше во јавност. Всушност, таа е шеф на Државниот фонд за катастрофи, кој работи со јавни, приватни и невладини донатори за давање финансиска помош на погодените за време на катастрофи. Задача која е далеку од тривијална, со оглед на огромниот износ на штети (и загуби)  какви што предизвика ураганот Иан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Casey DeSantis (@caseydesantis)

Кејси и Рон се запознале во 2010 година на терен за голф кога тој бил во морнарицата на САД. Сега имаат три деца, а минатата година Кејси објави дека имала рак на дојка и дека е излечена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Casey DeSantis (@caseydesantis)

Талентирана поранешна новинарка

Кејси ДеСантис дипломирала економија на Колеџот Чарлстон во Јужна Каролина, се натреварувала во коњичкиот тим и завршила како второпласирана на националното првенство. Како и нејзиниот сопруг, таа е спортистка и трикратен државен шампион во јавање. По дипломирањето, работела како продуцент и водител за две телевизиски станици на Флорида, специјализирана за криминални вести, а како зивестувач ја следеше Армијата на Соединетите Држави. За нејзината телевизиска работа,Кејси ДеСантис доби Еми награда и две номинации за Еми за истражувачката серија „Real Life CSI“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Casey DeSantis (@caseydesantis)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Casey DeSantis (@caseydesantis)

Борбата против ракот на дојката

По болеста, сопругата на Рон ДеСантис стана застапничка за борба против рак во државата Флорида, помагајќи да се обезбедат 100 милиони американски долари за истражување и третман за рак во буџетот за фискалната 2022-2023 година. Закрепната од рак во февруари 2022 година, Кејси Лејди ДеСантис постојано патува низ државата и ги посетува пациентите за да го привлече вниманието на важноста на раниот скрининг и да обезбеди поддршка и надеж на семејствата на оние кои се погодени од болеста. Во чест на нејзината работа посветена на овој проблем, Програмата на Конзорциумот на центрите на Националниот институт на Флорида беше преименувана во „Програма за истражување на рак на Кејси ДеСантис“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Casey DeSantis (@caseydesantis)

 

 

 

Слични објави

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо
Се вчитува....