15:00 - 31 октомври, 2026

(Фото) Ја „сотреа“: Сопруга на познат српски фудбалер „украде“ фотографија од позната веб-страница, па се пофали дека е нејзина

Ана Рајковиќ, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ, повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста – овој пат поради објава на социјалните мрежи.

Ана Рајковиќ на својот инстаграм-профил сподели фотографија од накит, на кој е врежана романтична посвета.

Нејзините следбеници помислиле дека станува збор за подарок што го добила од сопругот. На златниот накит стои натписот: „Те сакам, сега и засекогаш“.

 


Меѓутоа, корисниците на социјалната мрежа X (поранешен Твитер) сега ја разоткрија позадината на оваа фотографија, па на оваа мрежа стои објава:

„Но, Ана Рајковиќ која „краде“ фотографија од Пинтерест“, стои во објавата на мрежата X, каде се претпоставува дека Ана сакала да ги измами своите следбеници.

 


Да потсетиме, Ана Рајковиќ се најде во центарот на скандал кога, како што самата си кажа, нејзините пријатели ѝ наместиле афера во Катар, додека сѐ уште траело Светското првенство во фудбал. Во тоа време Ана ја поврзуваа со уште еден спортист од репрезентацијата. Таа жестоко ги негираше озборувањата, а подоцна откри дека нејзините пријателки ја измислиле приказната за наводно да ѝ се одмаздат затоа што отпуштила една од нив од својата продавница.

 

Слични објави

Пејачката Мијата прослави 19 години љубов со сопругот: Романтика на плажа со песна од Селин Дион

Еспресо

Улогата на Снежана Савиќ во „Подобар живот“ требало да ја добие оваа пејачка!

Еспресо

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

(Фото) „Сине мој, мојот најголем благослов…“: Немања Гудељ сподели емотивна објава за синот Илијан

Еспресо

Греено вино за студените есенски вечери — едноставен рецепт што ќе ви го стопли домот

К.С.

Слоба Радановиќ ги прозва колегите: „Не ги пеат моите песни бидејќи им се тешки, подобро да не се мачат“

Е.А.
Се вчитува....