13.8 C
Скопје
11:00 - 10 март, 2026

(Фото) Сопругата на Лозано објави специјална приказна за синот Марко, гордата мајка има причина за среќа

Сопругата на Влатко Лозаноски – Лозано, Савка (Сава) Грачанин објави фотографии од нивниот син Марко со специјален повод, иако таа својот приватен живот многу не го експонира, исто како и пејачот.

Повод се првите чекорчиња на малиот Марко, а покрај овие фотографии гордата мајка напишала: „Детуле, лесни чекорчиња”.

Фото / Фејсбук

Инаку, сопругата на пејачот Влатко Лозаноски – Лозано е неговата старо-нова љубов за која пејачот многу ретко зборува во јавноста.

Тој е во брак со Савка Грачанин со која беше долги години во врска, па потоа беа свршени, па ја раскинаа свршувачката, за по неколку години пак да ѝ дадат шанса на љубовта.

Речиси никој не знаеше дека популарниот пејач и неговата убава сопруга очекуваат син, сѐ до лани, кога пејачот објави дека им се родил Марко, по што следеа многу честитки за приновата.

Слаткиот Марко, Лозано го покажа за првпат пред еден месец кога семејството го прослави неговиот прв роденден и крштевката во Марков Манастир.

Савка, сопругата на Лозано со синот на крштевката Фото / Фејсбук

 

Инаку, Лозано вчера објави дека ќе одржи концерт во Скопје, во салата „Борис Трајковски“ на 7 март.

Слични објави

Синот на Брена „летал“ со повеќе од 300 километри на час, па се пофали на социјалните мрежи

E.A.

Љубовта умре но нова пак ќе се роди: Емотивна приказна на Елена Велевска

msp-admin

Рушка Јакиќ и Вања Булиќ проговорија за „вонбрачното дете“: „Веднаш ја повикав неговата сопруга“

E.A.

Бресквица се огласи по тврдењето дека Лука Дончиќ се разведува поради неа: „Јас сум виновна за сè?“

Еспресо

Дарко Лазиќ конечно „избега“ од Малдиви, но доби лоши вести по 11-часовниот лет: „Ми се смачи одморот“

Еспресо

Хороскоп за 10 март: Биковите ги очекува успех во работата, Вагите ќе се впуштат во авантура

apostolova
Се вчитува....