05:44 - 12 март, 2026

(Фото) Снаата на Цеца, Богдана Ражњатовиќ првпат проговори за бебето што го чека, за името што веќе му го дале, но и за сопругот: „Го одбив Вељко, но тој беше упорен“

Богдана Ражнатовиќ за првпат зборува за љубовта со боксерот за српските медиуми. Вели дека го одбила сопругот Вељко кога првпат ѝ пришол и почнал да флертува со неа.

Снаата на Цеце Ражнатовиќ не сакала ништо со младиот боксер, бидејќи тој во јавноста бил окарактеризиран како женкар.

– Нашето запознавање започна кога го одбив, бидејќи знаев каков бил пред мене. Но, тоа само му разбуди уште поголема желба за мене. На крајот толку многу се засакавме и создадовме семејство, што е голем благослов за нас – вели Богдана на почетокот на разговорот за српските медиуми.

Иако Вељко, кој е професионален боксер, изгледа како вистински мачо од Балканот, Ражнатовиќ вели дека приватно е сосема поинаков.

– Вељко е внимателен, нежен и полн со љубов и разбирање. Ништо не ми пречи кај него. Напротив, маж ми го сакам најмногу на свет. Среќна сум што живееме мирен живот и што се остварив како сопруга и мајка, додава таа.

Богдана пред две години го роди нивниот син Жељко.
-Физички е ист како тато, но е тврдоглав – вели Богдана, која во април ќе роди уште еден син Крстан.

– Се радувам што наскоро стигнува бебе и што Жељко ќе добие брат. Втората бременост ми е полесна, за разлика од првата, бидејќи сум добро информирана за се што ме очекува. Но, второто бебе е понемирно од Жељко – вели поранешната кошаркарка за српските медиуми.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....