10.8 C
Скопје
12:29 - 18 март, 2026

(ФОТО) СМЕШЕН СТАЈЛИНГ: Мајката на славните модели Хадид го привлече вниманието на улиците во Њујорк

јоланда хадид

Русокосата Јоланда Хадид, мајката на најбараните модели на денешницата Џиџи и Бела Хадид, воодушевува со своите смели модни комбинации!

Поранешниот успешен модел, 57-годишната Јоланда, родена во Холандија примами бројни погледи додека одеше на роденденската забава на својата прва внука Каи во друштво на своето момче.

Девојчето со необичното име е првото дете на нејзината ќерка Џиџи и нејзиниот партнер пејачот Зајн Малик, а гордата баба секако не ја пропушти роденденската забава на внуката што се одржа во Њујорк.

Како и обично, русокосата со завидна фигура и младешки изглед, каде и да се појави, не може да помине незабележана, па така и овојпат таа го привлече вниманието на улиците во Њујорк во необична комбинација како создадена за оваа нетипична баба.

Јоланда носеше тотално откачени фармерки со апликации во форма на големи цветови и маица во во иста нијанса, и тенди патики потпишани од популарниот бренд „New Balance“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YOLANDA (@yolanda.hadid)

Момчето на Јоланда, Џозеф, за оваа пригода исто така носеше спектакуларни фармерки што малкумина би се осмелиле да ги носат.

Но, сепак, имало причина за нивната смела комбинација. Јоланда сподели фотографија на својот инстаграм профил во чиј опис напиша:

„Изгледаме малку лудо, но темата на прославата на роденденот на бебето Каи беше гостите да носат „смешни“ панталони или здолништа“.

Инаку, Јоланда беше во брак со инвеститорот со палестинско потекло, Мохамед Хадид од 1994 до 2000 година, и тие имаат три деца, Бела, Џиџи и Анвар, кој е во врска со британската пејачка Дуа Липа.

Слични објави

Што се крие зад смртта на турската модна инфлуенсерка? Семејството се сомнева во официјалната верзија на истрагата

Еспресо

Шок во емисијата: Сања Вучиќ откри како се вика нејзиното момче и го изненади Огњен Амиџиќ

Еспресо

Куркумата е многу здрава, но во овие пет случаи не смее да се користи

Еспресо

(Фото) Наде Телевска во најсекси издание: Ослабе и комплетно се промени

Еспресо

Не го преболела: Николина Пишек со трогателен гест за покојниот сопруг

Еспресо

(Фото) Дани „раскомотена“ на масажа, без трошка шминка

Еспресо
Се вчитува....