15:24 - 8 ноември, 2026

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Синот на поп-пејачот Влатко Лозаноски -Лозано и неговата сопруга Сава Грачанин, малиот Марко, наполни две години. По повод роденденот, пејачот сподели симпатична фотографија од синот пред роденденска торта со две запалени свеќички.
Посебна честитка за својот внук објави и сестрата на Лозано, Марија Лозаноска, која е професорка по македонски јазик, лекторка и писателка. Таа сподели колаж од четири фотографии со Марко, од времето кога бил бебе до денес, и му упати емотивна порака.
„Среќен втор роденден, Марко! Знаеш дека тета те сака наааајмногу!“, напиша Марија, додавајќи емотикони со срце, торта и автомобил.


Лозано и Сава лани на 18 октомври го прославија првиот роденден на Марко, а истиот ден беше организирана и неговата крштевка во Марков манастир. Тогаш пејачот за првпат сподели повеќе семејни фотографии од синот, кого претходно го чуваше подалеку од јавноста.
Во интервју за „Слободен печат“, Лозано зборуваше за тоа колку татковството му го променило животот.


„Татковството е најодговорната, но и најубавата улога што сум ја имал досега. Те менува од корен, те учи на трпение, на безусловна љубов и на тоа да ги гледаш работите од поинаква перспектива“, рече пејачот.
Лозано и Сава, кои по долгогодишна врска и разделба повторно ја обновија љубовта, денес живеат во Скопје со синот Марко. Пејачот ретко споделува детали од приватниот живот, но не крие дека семејството му е најголемата поддршка и инспирација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski)

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....