08:40 - 15 декември, 2025

(Фото) Шерон Стоун има нова страст: Сликите ѝ се продаваат до 40 илјади долари

Актерката призна дека би сакала да се врати на филмското платно, но нема понуда.

Со улогата во еротскиот трилер „Ниски страсти“ таа се здоби со светска популарност и статус на секс бомба, но со текот на годините кариерата на Шерон Стоун доби поинаков правец. Таа добива се помалку улоги вредни за спомнување, па пронашла нов начин да го изрази својот талент и креативност. Таа се сврте кон сликарството и поминува 17 часа дневно пред сликарското платно.

Шерон во интервју за Гардијан си го отвори срцето и отворено зборуваше за кариерата, Холивуд и колегите.

На почетокот на разговорот, актерката раскажа што ја инспирирало да земе четка за сликање. Станува збор за приказната за нејзината блиска пријателка која отишла на вечера со семејството, а свекорот ја советувал да не нарачува пица, бидејќи штотуку родила бебе и требало да ослабе. Овој настан ја инспирираше актерката да наслика дело што го нарече „Тоа е моја градина, шупак“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Шерон Стоун (66) почнала да слика за време на пандемијата на коронавирус кога една пријателка и подарила книга со уметнички слики. Во моментов има самостојна изложба во галерија во Берлин и уште една закажана за следниот месец во Сан Франциско. Иако мислењето е дека галерискиот простор го добила затоа што е позната, таа тоа го демантира.

– Веројатно не, но би имала повисока цена да бев мртва. Ако постои можност за пократок животен век, тоа е премија за женските уметници. Се сеќавам кога го однесов моето портфолио на состанок со шефовите на една њујоршка галерија. По два часа го прашав сопственикот дали воопшто ќе ја погледне мојата работа, а тој ми одговори: „Планираш ли наскоро да умреш? – рече Стоун во интервјуто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Шерон знае дека би можела да заработи поголеми пари ако само им го даде на галериите она што го сакаат.

– Џони Деп печати слики од луѓе, става боја врз нив, ги потпишува и заработува богатство. Галеријата ми предложи да направам принт од моето лице. Мислам дека е моја должност да не го правам тоа. Мојата работа е да отворам прозорец за други жени и да продолжам да го држам отворен. Тоа го правев како актерка, а сега и како уметница – изјави Шерон.

На прашањето дали е посреќна како сликарка или како актерка, Стоун одговори:

– Апсолутно ми се допадна актерскиот повик и ако некој ми понуди значајна улога, ќе ја прифатам. Но, тоа не се случува. Она што се случува во тој бизнис е дека кога ќе станеш познат, тие сакаат да те стават во мали проекти, па така да почнете да финансирате луѓе кои ја започнуваат својата кариера. Одлично, но сакам да работам со мајстори затоа што тоа го заслужувам. Не брзам да се вратам под туѓи услови – заклучи Шерон Стоун во интервју за Гардијан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

 

Слични објави

(Фото) Голема промена кај Весна Бејби по 20 години, а покажа и каква е кога ќе стане од спиење

msp-admin

Хороскоп за 15 декември: Девиците ќе доживеат кулминација, Јарците ќе ги истакнат своите квалитети

Еспресо

„Користи лекови, има пиштол, импотентен е и е шворц“: Атина Ферари со шок-тврдења за Аца Лукас

Еспресо

Ера Ојданиќ го воодушеви внукот: За 18. роденден му подари подарок вреден 160.000 евра

E.A.

(Фото) Кадар што ги топи сите срца: Милан Васиќ покажа како го разгалува својот син Деспот

Еспресо

(Фото) Погледнете ги луксузните празнични декорации на најбогатата балканска пејачка!

Еспресо
Се вчитува....