14.8 C
Скопје
15:54 - 17 март, 2026

(ФОТО) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Најздравиот домашен леб без брашно со јатки и семки!

На наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“).

Овојпат шеф Бранко ни подготвува здрави оброци за подобро здравје! A за утрешниот појадок ви предлага здрав домашен леб без брашно со јатки и семки. 

Здрав оброк подготвен со здрави состојки. 
фото-приватна архива

Состојки:

1 шолја  семки од сончоглед (печени)
½ шолја ленено семе
½ шолја бадеми и лешници (печени)
1 ½ шолји овесни снегулки
2 лачижи чиа семе
1 лажица ситна сол
1 лажица мед
3 лажици кокосово масло или маслиново масло
350-400ml вода
3 лажички сусам

80гр. ореви

Начин на подготовка:

Оставете ги сончогледот, оревот, лененото семе, бадемите, лешниците и чиа семето да отстојат во вода околу 2 до 3 часа.
Додадете ги во длабок сад и добро промешајте.
Потоа, измешајте ги заедно медот, водата и кокосовото масло. Измешани состојки додадете ги во останатите сувите состојки во садот.
Доколку не сакате да ги ставите крупни бадемите, лешниците и оревите, сомелете ги.
Тестото треба да стане хомогено , но не премногу густо и тврдо, доколку е тврдо додавајте вода за да омекне.
Тестото ставете го во правоаголен силиконски калап за печење на торта и оставете го да остои 1 час покриено со крпа.
Загрејте ја рерната на 200°C и печете ја векната околу 20 минути со постепено намалување на температурата.
Пред да го исечете, лебот многу е важно комплетно да се излади за да се врзат сите состојки.
Лебот може да го чувате и до 5 дена затворен во сад со најлонска кеса.
Овој леб е одличен додаток во исхраната доколку сакате да се храните здраво.
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива

Слични објави

(Фото) Нивес Целзиус мами воздишки, позираше во минијатурно црвено бикини

Еспресо

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin
Се вчитува....