5.8 C
Скопје
02:21 - 1 април, 2026

(Фото) Шакира плаче на улица во Њујорк: Фотографиите ги загрижија фановите на пејачката

Изминативе неколку дена Шакира беше во Њујорк, каде што учествуваше во „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, а потоа уживаше во неколку слободни денови.

Познатата пејачка отишла на шопинг во Големото јаболко, сепак папараците ја уловија во продавница каде е видена како плаче.

Иако се обиде да го покрие лицето за да не биде забележана, беа направени неколку снимки и брзо споделени на интернет.

Познатата уметница ги однела своите мали деца Саша и Милан на Тајмс Сквер, а потоа отишла во продавницата за чоколади M&M, каде што двете момчиња изгледале среќно избирајќи ги нивните бонбони, па дури и неколку плишани животни.

Додека нејзините деца среќно избирале што да купат, нивната мајка се расплакала и дури се обидела да се покрие со раката (па дури и со капата), за фотографите да не можат да ја фотографираат.

Шакира била забележана како разговара со друга жена и штом завршил нивниот разговор, таа се расплакала.

Колумбиската ѕвезда минува низ тежок период по раскинувањето со поранешниот централен бек на Барселона, Жерар Пике, а рзделбата се случи минатата година.

Фотографиите на кои се гледа како плаче предизвикаа загриженост кај нејзините обожаватели. Иако ја изведе „Bzrp Music Sessions, Vol. 53′ со Бизарап во живо за прв пат во ‘The Tonight Show Starring Jimmy Fallon’ и зборуваше за застанувањето во одбрана на жените за време на интервјуто, се чини дека не е сè баш добро.

Дали тоа има врска со Пике или не, знае само Шакира – а можеби и жената со која зборуваше.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....