7.8 C
Скопје
07:32 - 28 март, 2026

(Фото) Северина на премиерата на филмот „Свадба“ се појави со чанта вредна 2800 евра

Вчеравечер се одржа свечената премиера на филмот „Свадба“ во Загреб, а сите сали биле распродадени до последното место. На премиерата се појави и пејачката Северина.

Таа привлече внимание со долг кожен капут, а во раката носеше луксузна чанта.

Чантата со која Северина го комплетираше својот стајлинг е од брендот Bottega Veneta, а нејзината цена изнесува 2800 евра.

Долгометражниот игран филм „Свадба“, во режија и сценарио на Игор Шерегија, раскажува приказна за успешен хрватски бизнисмен кој на својот роденден дознава дека е пред банкрот, додека истовремено открива дека неговата ќерка, која студира во Лондон, е бремена со син на српски министер. Ова отвора низ семејни, политички и општествени компликации. Преку хумор, сатира и емоција, филмот, како типичен балкански „анти-ром-ком“, зборува за семејството, идентитетот, лојалноста и љубовта.

Покрај Рене Биторајц, Драган Бјелогрлиќ, Линда Бегоња, Весна Тривалиќ, Анѓелка Стевиќ Жугиќ, Рок Сикавица, Ника Грбеља и Марко Грабеж, во филмот учествуваат и вистински глумачки легенди како Сека Саблиќ и Срђан „Жика“ Тодоровиќ, како и Снежана Синовчиќ Шишков, Дејан Аћимовиќ, а редица истакнати регионални и хрватски актери меѓу кои Горан Гргиќ, Јанко Поповиќ Волариќ, Денис Муриќ, Марко Миљковиќ и Невена Неранџиќ.

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....