15.8 C
Скопје
17:44 - 24 октомври, 2026

Шабан Шаулиќ години славеше Свети Јован, иако беше муслиман

Иако е роден во муслиманско семејство во Шабац, Шабан Шаулиќ пораснал со духот на заедништво што го одликуваше тогашната СФРЈ. Тој луѓето не ги делел по вера, а според сведоштва на блиски луѓе, никогаш не сакал да пристапи кон обред кој би го обврзал на одредена религија.

Колку ги почитувал туѓите обичаи можела да види целата јавност, Шабан секоја година во семејната куќа ја славел девојачката слава на неговата сопруга Гордана, Свети Јован.

На една од тие прослави, Шабан низ смеа изјавил:

„Знаете како е, прво оди кафе, предјадење, па малку се шегуваме со кисела вода, а потоа до утро уживаме во музика и алкохол. Гоца не ми ги брои чаши“, рекол тој со насмевка.

Тоа била и последната година кога славата во домот на Шаулиќ се празнувала со голем број гости и пријатели од естрадата.

Шабан Шаулиќ трагично загинал околу 6:45 часот наутро, на 17 февруари 2019 година, на патот Бифилд–Бутерсло, во тешка сообраќајна несреќа. Причинител бил пијан Германец без дозвола, кој дивеел за воланот.

Слични објави

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

(Фото) Алекса Балашевиќ сподели глетка што ги топи срцата: Малата Вера не го пушта братчето од прегратки

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.
Се вчитува....