08:06 - 12 март, 2026

(Фото) Сестринството на грчкиот манастир го даруваше Никола Роквиќ: Еве каков скапоцен подарок доби пејачот

Никола Роквиќ по успешното пристигнувањето во манастирот Свети Нектариј во Грција, се упати кон Србија и вчера попладнете слета со семејството во Белград.

Во грчкиот манастир Никола помина неколку дена по аџилакот, а таму и се причести на литургијата.

По неколку дена поминати во манастирот, Никола доби посебен подарок како спомен на тоа неповторливо и хумано патување.

принтскрин

Имено, сестринството од манастирот му подарило рачен часовник кој е бакрорез на светец во одора со годината на раѓање и смртта, а од другата страна на часовникот има крст со натпис Исус Христос и Ника, односно Исус Христос победува.

Никола за часовникот се пофали на социјалните мрежи.

Инаку, кога Никола влагал во манастирот, со боси нозе, ја бакнал иконата и ги спочитувал сите обичаи, а на грбот носел знаме од Србија, па се поклонил на моштите.

Одржана е и служба, а тој бил многу емотивен, па цело време бил на раб на солзи држејќи се за градите.

Вчера попладне, Роквиќ слета со семејството во Белград каде беше пречекан со аплауз.

– Впечатоците се средија, презадоволен сум и среќен, ова е одлично животно искуство. Се одморив малку со семејството. Егина е прекрасна, има прекрасни плажи, дури успеавме и да се искапеме, рече тој за српските медиуми.

– Ова секако би го повторил, ова е само почеток, мислам дека ќе има уште вакви акции, тоа е прекрасна работа, тука учествува целото битие, а се е опфатено со хумана цел. Многу идеи ми доаѓаат, веројатно ќе се јави некоја – додаде тој.

Слични објави

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova
Се вчитува....