Водителката и инфлуенсерка Марјана Станојковска објави провокативна велигденска фотосесија на својот инстаграм-профил и со тоа уште еднаш докажа знае како да го привлече вниманието.
Во сончев пролетен амбиент, Марјана ја искомбинира нежноста на природата со нејзиниот препознатлив сексапил.
Иако сликата е идиличен пикник, главен фокус е самата Марјана, која блеска во пастелно розов фустан. Она што веднаш паѓа во очи е раскошното деколте, кое совршено го истакнува кројот на фустанот. Комбинацијата на нежна боја и провокативен дизајн зрачи со моќен сексапил и е вистински погодок.

Најсимпатичниот момент во целата слика е тоа што Марјана во скутот држи мало бело зајаче.
„Неколку часа во рајот“, напиша Марјана во опис на фотографијата, и со неа уште еднаш покажа дека е мајстор за балансирање меѓу провокацијата и естетиката.
