11:17 - 31 март, 2026

(Фото) Секој 12 ноември е тажен за Сузана Турунџиева, повеќе од две децении таа и семејството живеат во неизвесност

Веќе 24 години поминаа откако братот на Сузана Турунџиева го напушти овој свет. Водителката и пејачка по тој повод се сети на својот брат Панде Турунџиев, кој го загуби својот живот на 36-годишна возраст работејќи во Канада.

Панде Турунџиев, според написите во медиумите, најпрво бил киднапиран, па убиен под неразјаснети околности, кои семејството никогаш не ги дознало и до крај никогаш не биле расветлени.

– Нема многу мажи во мојата фамилија, татко ми го загубив многу млада, смртта на брат ми беше огромна трагедија за нашето семејство, децата ги растев без татко – рече претходно во „Мамавизија“ на „Слободен печат“, Сузана Турунџиева.

Денеска, кога се навршуваат 24 години од загубата на брат ѝ, Сузана на Фејсбук ја сподели песната „Бато“ од Калиопи и напиша: „Бато. Збор што боли и пече полни 24 години“.

Фото / Фејсбук

„12 ноември 2001… Денот, после кој ништо не е исто… На тој ден животот ми го зеде единственото братче Панде – најдоброто и највредното во нашето племе, ама пак, ми подари неколку скапоцени женски и машки братчиња кои не ме оставија никогаш сама, дури и тогаш кога јас кренав раце од себе“, напиша Сузе во 2023 година.

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....