15:03 - 2 април, 2026

(Фото) Се сеќавате на преубавите сестри Баруџија? Еве како изгледаат денес и што прават

Сестрите Изолда и Елеонора Баруџија, и двете убавици, беа популарни во поранешна Југославија. На врвот на својата слава, тие одлучија да се повлечат од сцената и јавниот живот и секоја се посвети на својата кариера.

За најпознатите, сексапилни сестри, воздивнуваше цела Југославија, а интернационална популарност направија со појавувањето на евровизиската сцена заедно со Данијел Поповиќ со песнара Џули.

Изолда денес живее во Германија со својот сопруг, гитаристот Златко Манојловиќ. Во Германија се преселиле од 2001 година. Таа предава соло пеење на Музичката академија во Дизелдорф.

Изолда настапи на Евровизија и во 1982 година, како член на групата „Аска“, пред заедно со нејзината сестра Елеонора да пеат придружни вокали за Данијел Поповиќ.

Потоа,  Изолда сними дует со Владо Калембер и за Евровизија 1984 година, со песната „Чао Аморе“.  Сепак, спотот за оваа песна беше забранет во некои земји бидејќи Изолда се капеше топлес.

Изолда денес

И денес таа е убава и очигледно ја одржува витата линија.

Изолда на Музичката академија во Германија каде што предава, фото Фејсбук

Елеонора Баруџија пак, живее во Белград. Во брак е со композиторот Зоран Тутиновиќ и има две деца.

Во една прилика открила дека ја запоставила музиката бидејќи Изолда се преселила во Германија и не можеле да продолжат да работат со ист интензитет.

Елеонора, фото Фејсбук

 

Слични објави

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо
Се вчитува....