15.8 C
Скопје
14:01 - 22 март, 2026

(ФОТО) СЕ РАЗВЕДУВА „КУБАНСКИОТ БРЕД ПИТ“: Вилијам Леви ја изневерил сопругата со 80 жени

Актерот Вилијам Леви, надалеку познат по убавината објави дека се разведува од сопругата Елизабет Гутиерез по 18 години брак, но неколку минути подоцна ја избриша објавата. На изненадување на многумина, Вилијам откри дека тој и мајката на неговите деца, манекенката Елизабет, решиле да ја прекинат врската по 18 години заеднички живот и две деца Кристофер и Кајли Леви.

Речиси две децении познатата манекенка минуваше низ бројни неверства и остана со „кубанскиот Бред Пит“ во период кога тој минуваше низ тешки финансиски проблеми, но сега, очигледно, дошло крај.

– Сакаме да знаете дека по многу размислување донесовме одлука да ја прекинеме нашата врска. Но, ние ќе продолжиме да бидеме прекрасно семејство какво што сме и да бидеме најдобри можни родители на нашите деца. Тоа никогаш нема да се промени – напиша актерот на „Инстаграм“, а набрзо потоа ја избриша оваа објава.

Подготвен сум за ново поглавје во мојот живот – напиша подоцна актерот.

Медиумите со години пишуваат дека големата ѕвезда на мексиканските сапунски опери, кој е воедно еден од најпосакуваните мажи во светот и далеку од камерите води турбулентен живот полн со прељуба и интриги.

Имено, Леви ја изневерил сопругата со 80 различни жени, а лани на површина исплива уште една негова афера. Латино заводникот никогаш не криеше дека ѝ бил неверен на својата сопруга.

Слични објави

Еве што се случува со имотот на Видој по помирувањето на Николина Пишек и Миша Гроф

Еспресо

„Има проблем да се одвои, со него сум и во тоалет“: Марија Шерифовиќ со детали за односот со синот Марио

Еспресо

(Фото) „Тато и неговите наследници“: Богдана објави неодолив момент од Вељко Ражнатовиќ со синовите во Русија

Еспресо

Хороскоп за 22 март: Раковите ќе имаат опуштени разговори со партнерот, Вагите ќе бидат во добро расположение

Еспресо

(Фото) Ја нарекуваат босанската Адријана Лима: Младата водителка на временска прогноза станува сè попопуларна

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо
Се вчитува....