14:52 - 11 ноември, 2026

(Фото) Се омажи Сара Маркоска — некогаш беше најнадежната македонска пејачка, а денес живее бајка со саканиот Ричард

Поранешната македонска пејачка Сара Маркоска се омажи за својот партнер Ричард, а двојката за својот голем ден ја избра Грција.

Свадбената церемонија се одржа покрај море, во присуство на нивните најблиски. Просторот беше украсен со цветни аранжмани во розови, сини и бели нијанси, а морето и маслиновите дрвја беа природна позадина на прославата.

За свадбениот ден Сара избра бела венчаница со корсет во горниот дел и крој кој ја следи линијата на телото. Ричард, пак, носеше класичен црн костум, бела кошула и црна машна.

На фотографиите од свадбата младенците позираат покрај морето, но и во друштво на гостите кои беа дел од нивната прослава.

Венчавката доаѓа неколку месеци откако Сара стана мајка, па оваа година за неа донесе големи промени и во приватниот живот.

Маркоска на македонската публика ѝ е позната уште од детските години. Таа ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија, а подоцна учествуваше и во музичкото шоу „М2 – Потрага по ѕвезди“ и настапуваше на „Макфест“.

Во 2013 година со Панчо од ДНК ја сними песната „Зелено светло“, по што постепено се повлече од музичката сцена.

Подоцна Сара се пресели во Лондон, каде што продолжи да живее подалеку од македонската естрада, а сега со фотографиите од Грција сподели дел од свадбениот ден со Ричард.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Јелена Карлеуша ја запознала мајката на 24 години помладиот партнер: „Поубава е од мене, вистински супермодел“

Еспресо
Се вчитува....