14:55 - 11 ноември, 2026

(Фото) Јелена Карлеуша во мини фустан низ Милано со 25 години помладиот Александар, со нив се и нејзините ќерки

Јелена Карлеуша деновиве престојува во Милано со своите ќерки Атина и Ника, а друштво во италијанската модна престолнина им прави и младиот манекен Александар Шево, со кого пејачката во последно време сè почесто се појавува во јавноста.

Карлеуша сподели повеќе фотографии од престојот во Милано, каде што со ќерките ужива во прошетки и шопинг.

За една од прошетките пејачката избра краток црн фустан и високи потпетици, а во истото издание позираше со Атина и Ника. Подоцна беше фотографирана и во друштво на Александар на улицата Монтенаполеоне.

Нивните сè почести заеднички појавувања веќе неколку дена ги поттикнуваат гласините дека меѓу нив можеби има нешто повеќе од пријателство. Шево е 25 години помлад од Карлеуша и се појави и во нејзиниот спот за песната „Балкан бој“.

Сепак, пејачката досега не потврди дека е во љубовна врска со него. Напротив, откако започнаа шпекулациите, таа изјави дека Александар е нејзин добар пријател и негираше дека станува збор за романса.

И покрај тоа, нивното заедничко патување во Милано повторно ги разгоре гласините, особено откако самата Карлеуша објави фотографии на кои се гледа дека Александар е со неа во Италија.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Јелена Карлеуша ја запознала мајката на 24 години помладиот партнер: „Поубава е од мене, вистински супермодел“

Еспресо
Се вчитува....