11:54 - 11 ноември, 2026

(Фото) Ноне Неделковска наполни 40 години — роденденот го прослави со торта и тренинг во фитнес сала

Поранешната македонска пејачка Ноне Неделковска го прослави својот 40-ти роденден, а дел од роденденската атмосфера сподели со следбениците на социјалните мрежи.

Ноне, која веќе подолго време е повлечена од македонската музичка сцена, јубилејот го одбележа со чоколадна торта на која стоеше натписот: „Среќен роденден, принцезо Нона“.

Фото: Скриншот

На фотографиите што ги објави на Инстаграм, таа позира во црна маичка и тесно здолниште, а покажа и како изгледал еден поинаков дел од нејзиниот роденден.

Имено, наместо класична роденденска прослава, Ноне дел од денот го помина во фитнес сала. Таа објави видео од тренингот и на шега напиша:

„Нема забава, само повторувања“.

Неделковска своевремено беше едно од препознатливите имиња на македонската музичка сцена. Учествуваше во втората сезона на регионалното музичко натпреварување „Идол“, каде што го освои второто место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nona Nedelkovska (@nona.nedelkovska)

По неколку години активна музичка кариера, Ноне одлучи да се повлече од естрадата и започна ново животно поглавје, работејќи на брод.

Иако повеќе не е активна како пејачка, таа повремено споделува моменти од секојдневието со своите следбеници, а овојпат поводот беше нејзиниот јубилеен 40-ти роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nona Nedelkovska (@nona.nedelkovska)

Слични објави

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Јелена Карлеуша ја запознала мајката на 24 години помладиот партнер: „Поубава е од мене, вистински супермодел“

Еспресо

Десерт за славската трпеза — рецепт за посна торта „Реформ“ со ореви и чоколадо

К.С.

Дневен хороскоп за 11 ноември: Денот е поволен за размена на идеи, но не брзајте со донесување на големи одлуки

apostolova

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо
Се вчитува....