-4.2 C
Скопје
00:20 - 23 декември, 2024

(ФОТО) САНДРА РАЧНО ИЗРАБОТУВА ЧЕВЛИЧИЊА ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА: Кожени моделчиња со карактер и емоции

Сандра Георгиева стои зад креациите на македонските Moose чевличиња за деца кои проодуваат, но и воопшто чевли за бебиња и деца, карактеристични по тоа што се рачно изработени од кожа. Иако дедо ѝ бил чевлар, Сандра е самоука.  До сега има 10 модели на чевличиња, и сите се, рака на срце – преубави!

Од графичка дизајнерка до занаетчика, креаторка на чевли за бебиња и деца, како се развиваше овој пат на трансформација?

– Многу спонтано. Отсекогаш сум креирала со своите две раце, без помош на дигитални алатки. Таа желба да креирам тлее во мене секој ден, така да не доживеав посебен процес на трансформација, само требаше да излезе на површина вистинското јас. Одлуката да завршам графички дизајн беше водена од помислата дека во нашево време е попрактично човек да се занимава со дигитална уметност отколку традиционална, па дури тоа и да значи да се креира пред екран. Но, мојот личен порив како што споменав претходно беше физички да креирам. Во меѓувреме, се роди мојата ќерка и така ми се искристализира идејата да креирам бебешки чевли.

Од кого го учеше занаетот?

– Јас сум самоука иако дедо ми беше чевлар, и ми ја вроди желбата за чевли, но не ме научи. Занаетот сè уште го учам, креирањето на чевли е долг процес и има многу етапи. Ова што моментално го работам е еден мал дел и сè што имам научено е од туторијали и спонтано преку експериментирање. Имам чувство за материјалот и како да биде скроен, мислам дека тоа е клучно во процесот на работа. Секако, имам уште многу за надградување, во иднина би сакала да се доостручам во странство, во Португалија, Шпанија, Италија…

Кои материјали ги употребуваш, од каде ги набавуваш, и колку време е потребно за изработка на пар чевли?

Употребувам исклучиво природна кожа за изработка на чевлите, освен врвките кои се изработени од материјал, но дури и тие се понекогаш од кожа зависи од моделот. Набавката на материјалот е најтешката задача сега за сега, поради ситуацијата со ковид. Набавувам преку салон за продажба на кожа, се работи за италијанска кожа. Дизајнерот на чевлите сум јас, но соработувам со една девојка од Амстердам која ми ги прави кроевите и броевите.

Секој пар чевли бара различно време на изработка, во просек 2 ипол часа по пар.

Колку модели до сега се достапни во продажба и во која насока го планираш развојот на занаетот?

 – До сега имам 10 модели и многу комбинации на бои. Би сакала Moose  да се развие во едно вистинско атеље за изработка на детски чевли. Да прерасне во интернационален бренд.

Колку чини пар чевличиња за бебиња, како се движат цените за детските чевли?

– Моите чевли чинат 1.600 денари со вклучена достава на онлајн нарачките директно нарачани преку Moose. Имаме и соработка со неколку други продавници, таму се цените различни. Ова се детски чевлички за проодување и се приближна цена со другите слични чевли кои се со мека основа и за внатрешна употреба. Сите останати детски чевли имаат различни цени, зависи многу од квалитетот и брендот. Просечната цена се движи околу 1500-2000 денари.

Кои се трендовите на бебешки чевли во светот и колку ги практикуваш и следиш?  

 – Не пратам светски трендови, освен еден или два бренда кои ми се допаѓаат, но не би можела да кажам дека сум во тек со трендовите. Напротив, инспирацијата ја добивам спонтано и преку природата. Сакам органски и живи бои, сакам детали кои го менуваат изгледот комплетно и внесувам романтични елементи како големите панделки, бидејќи знам дека луѓето сакаат емоции. Токму тоа се обидувам да го постигнам, чевлите да комуницираат карактер и емоција.

фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....