5.8 C
Скопје
02:09 - 1 април, 2026

(Фото) Руперт Мардок се сонча со вдовицата на кантри ѕвездата Смит неколку месеци по разводот тежок 305 милиони долари!

Медиумскиот магнат Руперт Мардок бил забележан со нова жена само неколку месеци откако го реши горчливиот развод со манекенката Џери Хол.

91-годишниот Руперт бил виден како ужива во друштво на Ен-Лесли Смит (66), додека се заедно на одмор на Барбадос. Смит е вдовица на кантри легендата Честер Смит. Двајцата, наводно, се запознале во ноември и многу се засакале.

Сопругот на Ен-Лесли почина во 2008 година откако доживеа срцев удар на 78-годишна возраст.

Руперт е „самец“ откако го финализираше разводот со поранешната манекенка Џери Хол, пред само шест месеци.

Новата двојка е фотографирана како ужива на плажа, а потоа плива, а Мардок имал помош да влезе во вода благодарение на 25 години помладата партнерка која го држи за рака.

Ен има два брака зад себе. Своевремено, таа открила дека нејзиниот прв сопруг бил насилен, што ја навело да го „пронајде Бог“ и да стане волонтерка во црква во Калифорнија. „Кога го открив Бог, сите работи на светот ми станаа бесмислени“, рече Ен.

Инаку, богатството на Мардок се проценува на 17,6 милијарди долари. Џери Хол, бидејќи немала предбрачен договор со Мардок, со разводот добила од милијардерот 305 милиони долари и куќа во Хенли, Англија, вредна 13 милиони долари, како и вила во Франција, која тајно ѝ ја купил пред четири години.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....