09:57 - 5 декември, 2025

(Фото) Регионот во шок! Ана Николиќ и Рале се венчале на Малдиви!

Ана Николиќ и Горан Ратковиќ Рале го изговориле судбоносното „да“ минатиот викенд, во текот на егзотичното патување на Малдивите, дознава ексклузивно српски „Курир“.

Пејачката и продуцентот се венчале на една од најубавите песочни плажи на овој егзотичен остров, па овој одмор, кој следел по нивното помирување по турбулентниот период што сега е зад нив, ќе им остане во вечно сеќавање.

Овој чин бил планиран уште во август, но не се случил, бидејќи раскинале и го откажале патувањето.

– Ана и Рале требаше да отпатуваат на Малдивите кон крајот на август, но тоа патување не успеа, бидејќи таа го пријави за физичко насилство, поради што му беше изречена итна полициска мерка. Тие отседнале во еден од најлуксузните ресорти на островот, но се договориле дека Ана нема да објавува фотографии од одморот додека не се вратат. Секако, таа не можела да издржи и веднаш објавила неколку фотографии, што го изнервирало Рале. Сепак, не можете да го видите Рале на ниту една од фотографиите, бидејќи тој ја фотографирал Ана. Рале со себе имал и прстен за официјално да ја запроси, што таа веднаш го прифатила. Во последните неколку дена добро се согласувале, а потоа едно утро таа побара лаод Ратковиќ да се венчаат. Тој бил шокиран и ја прашал дали е сигурна. Таа рекла „да“ и дека веднаш ќе оди да се распраша што сè е потребно за да го изговорат судбоносното „да“ – рекол изворот за српски „Курир“, а потоа продолжил:

– Рале веднаш ги добил сите информации од вработените во одморалиштето, вклучително и фактот дека свадбите на Малдивите се церемонијални и симболични, но не и правно обврзувачки. Односно, му рекле дека – за бракот да биде правно признаен, тие мора да направат официјална венчавка во Србија. Тој ѝ рекол на Ана да се подготви и дека тоа веднаш ќе го направат. Хотелскиот ресорт веднаш организирал сè за нив по итна постапка, па тие веќе истата вечер рекле „да“ на плажата во текот на заоѓањето на сонцето. Било многу емотивно, а Ана конечно е повторно среќна, по бурниот период во нивната врска. Ќе видиме дали ќе остане така кога ќе се вратат од одмор, кога ќе заврши оваа идила. Таа веќе почнала да го испрашува Рале кога ќе оди во општината за и тука да легализираат сè, а потоа ќе следи и венчавка пред Бога во манастирот Раковица – рекол изворот за „Курир“.

Да потсетиме, кон крајот на август, Ана Николиќ го пријави својот партнер за насилство, по што двајцата завршија во полиција на испрашување.

Слични објави

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

Мал сончев зрак води низ облачно небо: Лична приказна на Илина Арсова

msp-admin

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin

Хороскоп за 5 декември: Овните ќе склучат добра зделка, Раковите ќе имаат потешкотии на деловно поле

Еспресо

Српска пејачка далa 300 евра за да биде во шоуто на Цеца Ражнатовиќ, па сурово била измамена

Еспресо
Се вчитува....