Деновиве на социјалните мрежи се појави ретка и исклучително емотивна фотографија од родителите на најголемата балканска ѕвезда, Здравко Чолиќ.
Под сликата на неговата мајка Стана и таткото Владимир, стои краток, но моќен опис кој ја открива нивната нераскинлива врска: „Твоите родители би биле горди на тебе, ‘Мој Здраво’, како што мајка Стана од милост те викаше“, пишува под сликата.

Иако Здравко Чолиќ со децении го чува својот приватен живот далеку од очите на јавноста, тој никогаш не криел дека неговото семејство било темелот на неговиот успех и скромност.
Роден во Сараево, Чолиќ порасна во семејство каде што владееле дисциплината и љубовта. Неговиот татко Владимир бил полициски службеник, додека мајка му Стана била домаќинка. Токму таа топлина од домот е она што му помогна на Чола да остане приземен. Чолиќ има претходно изјавено дека тој и брат му растеле со една плата, но родителите се труделе ништо да не им недостасува.
Фановите на Чолиќ веднаш реагираа на фотографијата со стотици коментари, истакнувајќи дека Здравко ја наследил својата препознатлива насмевка и ведрината токму од неговата мајка.
Иако денес тие не се физички со него, нивните вредности и понатаму живеат низ секој негов концерт и секоја испеана песна.
