23:03 - 30 јануари, 2026

(Фото) Први критики за девојката на Бред Пит: „Го копира стилот на поранешната сопруга“

Појавувањето на 60-годишниот Бред Пит на филмскиот фестивал во Венеција, придружуван од неговата девојка, 34-годишната Инес де Рамон, предизвика зголемен интерес за него кај јавноста и обожавателите, а неговата придружничка се анализираше многу внимателно. Затоа, не е чудно што уште по првото појавување на парот на црвениот тепих, Инес беше „обвинета“ за копирање на стилот на поранешната сопруга на Пит, Џенифер Анистон, пишува Дејли мејл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

На премиерата на филмот „Волци“ Инес носеше бел долг фустан со една раменица, кој многу потсетуваше на фустанот кој го носеше Анистон на доделувањето на Screen Actors Guild Awards во 2020 година. Интересно, токму на тој настан Џен налета на Бред за средечно да се поздравии гушне со него. Двојката беше во брак од 2000 до 2005 година, но Пит ја напушти Анистон за Анџелина Џоли.

„Нејзиното лице личи на Џоли, но во фустанот изгледа како Анистон“, „Таа дефинитивно го следи стилот на Џен Анистон, погледнете го фустанот, тоа е Џен“, гласат само некои од бројните коментари на социјалните мрежи.

Врската на Пит и Де Рамон станува се посериозна. Дизајнерката на накит во февруари оваа година се всели во луксузната куќа на актерот во Лос Анџелес, а сега Бред на светот му ја претстави како своја партнерка. Ова е негова прва сериозна врска по разводот со Анџелина Џоли.

Организаторите на филмскиот фестивал се погрижија поранешните сопружници, Бред и Џоли, воопшто да не се сретнат. Тие ги разделија премиерите на филмовите „Марија“ и „Волци“. Кога Пит пристигнал во Венеција, Анџелина веќе замина од таму.

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо
Се вчитува....