7.8 C
Скопје
16:57 - 18 февруари, 2026

(Фото) Принцот Хари се сретна со татко си кралот Чарлс Трети: „Бил шокиран од дијагнозата“

Војводата од Сасекс пристигна на аеродромот Хитроу без сопругата и децата.

Принцот Хари пристигна во Лондон за да биде со кралот Чарлс, кому му беше дијагностициран рак. Се уште не е јасно дали Хари ќе се сретне со својот брат, принцот Вилијам, иако многумина се надеваат на помирување меѓу членовите на кралското семејство, пишува Дејли Мејл.

Војводата од Сасекс патувал со лет на Бритиш ервејс и пристигнал на аеродромот Хитроу во Лондон. Војвотката од Сасекс останала во Калифорнија во нејзината вила во Монтесито со нејзините две деца, принцот Арчи (4) и принцезата Лилибет (2) и покрај заканата од поплави од екстремните временски услови во Калифорнија оваа недела.

Трансатлантското патување на Хари ги зголеми надежите дека неговото враќање во Британија ќе му помогне да се помири со неговото семејство.

Принцот Хари се сретна со својот татко во Кларенс Хаус. Не се знае дали Хари ќе престојува во хотел во центарот на Лондон за да биде поблиску до кралот или ќе остане во Виндзор, но поверојатно е дека ќе престојува во моментно празната Колиба Фрогмор.

Средбата меѓу кралот Чарлс и принцот Хари била кратка. По неа, насмеаниот крал Чарлс ја напушти Кларенс Хаус и се подготви да се врати во Сандрингам.

Кралот Чарлс и кралицата Камила им мавтаа на толпата додека ја напуштаа кралската резиденција со државниот автомобил. Се очекува тие да отпатуваат за Норфолк со хеликоптер.

Експертите рекоа дека се надеваат дека патувањето на Хари ќе биде чекор кон примирје, но извор близок до принцот од Велс рече дека тој „нема планови“ за средба со другите членови на кралското семејство и тоа дека очигледно „бил шокиран од дијагнозата“ на татка си.

Принцот последен пат долета во Велика Британија во септември на наградите „Well Child Awards“ и тогаш престојуваше во хотел. Сакал да престојува во замокот Виндзор, но бил одбиен.

Хари обично патува со својот приватен тим за обезбедување откако му беше одземена полициската заштита кога го напушти кралското семејство во 2020 година.

Кралот Чарлс Трети не е единствен со дијагноза на рак, ова е историјата на болеста во кралското семејство

Слични објави

(Фото) Романтично дежа ву: Парис Хилтон повторно запросена од сопругот, овојпат пред нивните деца на плажа во Туркс и Кајкос

Еспресо

Конфликт на „Пинкови ѕвезди“: Бојана Лазиќ го прекина шоуто по остриот настап на Десингерица

Еспресо

Познатиот српски јутјубер уапсен по несреќата: Пијан предизвикал судир! Се огласи неговиот адвокат

Еспресо

(Фото) Жените полудуваа по него, а сега има 170 килограми: Дали се сеќавате на Ервин од „Големиот брат“?

Еспресо

Откако брутално го претепаа син ѝ, Снежана Ѓуришиќ го откажа учеството на концертот посветен на Шабан Шаулиќ

Еспресо

(Фото+видео) Проѕирно и горе и долу: Рада Манојловиќ носела проѕирен фустан, а само гаќи под него

Еспресо
Се вчитува....