16:51 - 31 март, 2026

(Фото) Празнична атмосфера во домот на Луна Ѓогани: Слатките Лана и Миа правеа новогодишни колачиња!

Пејачката Анабела Атијас не ја крие радоста што ја чувствува во улогата на баба, а најголема среќа ѝ носат нејзините внуки Лана и Миа, ќерките на нејзината наследничка Луна Ѓогани.

Таа и претходно јавно истакнуваше дека со девојчињата има исклучително блиска врска, а нивните заеднички моменти често ги споделува и со своите следбеници на социјалните мрежи.

„Во новиот вајб, ќе ги гледате Лана и Миа како прават новогодишни колачиња“, напиша Луна во објавата.

Овојпат, Анбела беше меѓу првите што реагираа на новите фотографии кои Луна ги објави на Инстаграм. На нив може да се види како малите Лана и Миа, во празнична атмосфера, се во центарот на кујната и со голем ентузијазам учествуваат во подготовката на новогодишни колачи.

Фото: Инстаграм/Луна Ѓогани

Топлиот семеен призор разнежи многумина, а бабата не остана рамнодушна. Под фотографиите таа остави краток, но искрено емотивен коментар, со кој ја искажа својата љубов и гордост кон внуките.

„Си ги бакнувам и двете по очињата најубави, души мои сакани“, искоментира Анабела.

Внимание привлекоа и деталите од фотографиите – празничната облека, но и домашната атмосфера во која се забележуваат и икони на ѕидовите, што дополнително ја нагласи топлината и семејниот дух на домот.

Фото: Инстаграм/Луна Ѓогани

Слични објави

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.
Се вчитува....