13:24 - 2 април, 2026

(Фото) Поранешниот на Пријовиќ ги отвори вратите на својот ултра-луксузен дом: Синот на Љуба Перуќица ужива како султан

Популарниот пејач Љуба Перуќица, кој е познат и како поранешно момче на моментно најголемата регионална ѕвезда Александра Пријовиќ, ги отвори вратите на својот дом и го покаже целиот луксуз во кој живее. Особено, удобностите во кои ужива малиот Алексеј.

Перуќица и неговата сопруга Катарина неодамна станаа родители на малиот Алексеј. Како што истакнува пејачот, откако го добиле првото дете, сè му е подредено на детенцето и семејството.

А колку со нетрпение го чекале, покажува фактот што дури и собата на синот била целосно подготвена пред да се роди.

„Најголем сон ми беше да се остварам како родител и тоа се случи. Сега се на сцена оние слатки маки, но морам да нагласам дека тоа е една посебна емоција каква никогаш во животот не сум почувствувал претходно. Не знам колку пати на ден на своето дете му кажувам дека го сакам најмногу на свет. Тоа е навистина нешто неописливо“, вели пејачот.

Пејачот окрива дека и со радост на сопругата ѝ помага околу грижата за малиот наследник. И дека менувањето пелени му се стандардна дневна навика, пренесува српски Свет.

„Обично дежурам навечер, околу три или четири часот наутро. Тоа е моментот кога гледам да го преземам бебето, бидејќи мојата сопруга го превзема околу девет часот наутро и сакам да ѝ помогнам, бидејќи е доста тешко кога сум цел ден отсутен од дома поради работа“ – изјави Љуба.

Собата на синот на Љуба Перуќица блеска од луксуз и удобност.

 

 

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....